Донација за поплави во Србија, Хрватска и БиХ

19/05/2014

Фан клубот организираше хуманитарна акција за поплавените подрачја во Србија, Хрватска и БиХ. Голема благодарност до сите кои зедоа учество и несебично помогнаа во акцијата.

 

 

18/05/2014

 

MACEDONIAN REDS ГИ ПОВИКУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ ДОКОЛКУ САКААТ ДА НАПРАВАТ ДОНАЦИЈА ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ ЛИЦА ВО ПОПЛАВИТЕ ВО БОСНА, ХРВАТСКА И СРБИЈА НА СЛЕДНИТЕ ПУНКТОВИ ВО НЕДЕЛА 18 МАЈ 2014 :

Општина Аеродром – 10 часот, на ширинката кај Мајчин дом, до малата црква

Плоштад Македонија – 12 часот

Куманово – 11 часот – 14 часот, плоштад

Населба Автокоманда – 11 часот, пред Римес (на коцката)

Велес – 15 часот, фондација „Фокус“ (зграда на НВО, наспроти градинката во Дворови)

Битола – 12 часот, плоштад Магнолија и Собирниот пункт во просториите на Македонско-хрватското друштво Марко Марулич кај ресторанот Корзо од 17.00-19.00 часот секој ден.

Тетово – од 9 до 11.30 часот, пред центарот за култура „Иљо Антески – Смок“

Кисела Вода – во текот на целиот ден, ул. Стојан Стојановски, зад магацините на Славија, до пругите и од 10 до 18 часот, во просториите на Големата сала на општина Кисела Вода

Црвен Крст има собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје. Тоа е магацинот на Црвениот крст во Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227.

На локално ниво помошта може да се донира и во општинските организации на ЦК надвор од Скопје. Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население.

YNWA !