ХУМАНА АКЦИЈА: За Венцислав Симоновски! - собир Велес

04/04/2018

 

За натпреварот од четвртфиналето на лига на шампиони против ManCity во Велес се одржа собир на навивачите на Liverpool кој главна цел имаше да организира и помогне на Венцислав Симоновски, легенда на македонскиот фудбал од златната вардарова генерација од 1987 година.

На настанот да присуствуваа и двајца поранешни фудбалски репрезентативци на Македонија, Панче Ќумбев, претседателот на Синдикатот на фудбалери во Македонија и Саша Ќириќ, актуелниот директор на македонската репрезентација во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Настанот беше организиран од Redscouser a поддржан од OLSC Macedonia - Macedonian Reds .

Се чувствувам горд на самиот себе,горд на Redscouser ( Vladimir Trajkoski Ace Milanov Vanco Nikolovski ) kако дел од организацијата на оваа хуманитарна скција,горд на фановите на Ливерпул кои дојдоа на собирот и донираа средства,горд на Macedonian Reds,горд на DramaCafe Veles како домаќин на собирот,горд на Ќумбев Панче и Саша Кириќ кои го поддржаа собирот и хуманитарната акција со нивното присуство,горд на легендата Венцислав Симоновски кои денеска не прими со широко срце .... YNWA Кичо !!!

YNWA !