CHAMPIONS LEAGUE 1/2 FINAL: LIVERPOOL - BARCELONA - Собир Битола 07/05/2019

Со зборови не може да се опише атмосферата на собирот во Битола во ноќниот клуб Расчекор, тие што беа и веруваа знаат , а тие што неможеа да дојдат или резултатот не им беше доволна мотивација да веруваат дека може да се случи тоа што се случи ги повикуваме да бидат дел од вакви дружби во иднина, бидејќи сепак најважна е дружбата и љубовта кон клубот а за се друго се грижат Клоп и компанија.

Собирот имаше и хуманитарен карактер , се донираа средства за лекување малиот Лука, а беа присутни околу 200 фанови од Битола, Охрид, Тетово, Штип. Струмица, Кавадарци, Прилеп и Скопје.

До наредна средба YNWA ! OLSC Macedonia, Macedonian Reds, RedScouser TV и сите други кои не дружеа во Битола.

 

YNWA !

 


25/04/2019: НАЈАВА

CHAMPIONS LEAGUE 1/2 FINAL: LIVERPOOL - BARCELONA - Собир Битола 07/05/2019

Почитувани навивачи на Ливерпул,караванот продолжува, чест ни е и задоволство да Ве поканиме да бидете дел од еден несекојдневен и незаборавен спектакл што ќе се организира во Битола, во најдобриот ноќен клуб во Македонија, Расчекор.Сите заедно, во што поголем број да го испратиме нашиот тим во Мадрид, по нова 6-та ѕвездичка на нашиот свет дрес. Собирот ќе има и хуманитарен карактер, ја продолжуваме хуманитарната акција од собирот во Штип, ќе може да се купат маици,дизајнот и цената на маиците ќе бидат објавени во наредните денови, собраните средства ќе се донираат за лекување на малиот Лука , да ја покажеме нашата хуманост и човечност како и секогаш до сега.Момци и девојки од цела Македонија и соседните земји, Ве очекуваме да направиме една незаборавна дружба и покрај финалето да ја прославиме и титулата на 07.05.YNWA. Резервации на 076 968 717

facebook event: https://www.facebook.com/events/314790609200613/

 

YNWA !