PREMIER LEAGUE: Leicester City - LIVERPOOL - ХУМАНИТАРНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ВО БИТОЛА

26/12/2019 година ,хуманитарна предновогодишна забава на фановите на Liverpool во Битола.

Ви пренесуваме објава од организаторот на настанот.

Средствата кои беа собрани ги употребивме за лекови и витамини за малите, храбри срца. Се надеваме дека ваквите акции ќе бидат почести низ цела Македонија. И сами знаете и читате какви хајки се водат по порталите низ светот против клубот и симпатизерите на Ливерпул, меѓутоа она што ние го правиме во позадина и не се експонираме, тие неможат ни да го замислат, а не да го спроведат. Уште еднаш голема благодарност до сите кои донираа и ќе донираат во иднина, и се надеваме дека со нашата скромна помош барем малку ќе ги разведриме тие чисти души .

YNWA !

 

 


23/12/2019: НАЈАВА

PREMIER LEAGUE: Leicester City - LIVERPOOL - ХУМАНИТАРНА НОВОГОДИШНА ЗАБАВА ВО БИТОЛА

Почитувани навивачи на Ливерпул во прилог најавата од организаторите на собирот во Битола на 26/12/2019 во Bourbon Street Pub Bitola. Собирот како предновогодишна забава ќе има и хуманитарен карактер.

Утакмица кој може широко да ни ги отвори вратите кон она што сите го чекаме 30 години, утакмица која треба да ги врати во реалноста сите оние кои се трудат да ни ги ипомешаат сметките оваа сезона. Колку чудно звучи, Лестер, не сити, не челзи, не арсенал, не јунајтед,не тотенхем(намерно се со мали букви 😉 ) туку Лестер. Роџерс направи револуција, му посакуваме се најдобро,но време му е против Ливерпул да се приземјат. Нема подобра најава, нема подобра утакмица, две екипи кои играат најубав фудбал во Англија ајде да покажиме дека сме поискусни од минатата година и дека ова до сега не е случајно(не можи ни да биди),да им ги затвориме устите на сите хејтери и да ги подотвориме портите на рајот. Битолчанииии најмасовно шо можи, отворени врати за сите останати кои ако направат некој километар сигурно нема да за жалат,ние гарантираме гостопримство на највисоко ниво ваше е да проверите дали ќе биди така.

facebook event: https://www.facebook.com/events/314790609200613/

facebook организатор: https://www.facebook.com/Liverpool-Bitola-109128593789526/

facebook Official Supporters Club: https://www.facebook.com/groups/OLSCMacedonia/

facebook Official Supporters Club: https://www.facebook.com/LFCMacedonia/

 

YNWA !