ИНТЕРВЈУ со НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ

27/10/2015

 

Новиот менаџер на Ливерпул е пред најголемиот предизвик во својата тренерска кариера. Многу полемики по трите дуели на „црвените“ под водство на Клоп се присутни на социјалните мрежи, секако најактивни се фановите на Ливерпул. Но, каква врска има со нас, тука во Македонија далеку од Ливерпул германскиот тренер ? „Macedonian reds“ ја најде вистинската врската меѓу Клоп – Ливерпул – Македонија. Тоа е Николче Новески играчот, кој 11 години го носеше дресот на Мајнц, а притоа беше и репрезентативец на Македонија на 64 натпревари. Новески еден дел од својата кариера ја мина токму под диригентската палка на Клоп.

 

НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ Е РОДЕН НА 28 АПРИЛ 1979 ГОДИНА ВО БИТОЛА.

КАРИЕРАТА ЈА ЗАПОЧНА ВО ФК ПЕЛИСТЕР ОД КАДЕ НАПРАВИ И ТРАНСФЕР ВО ГЕРМАНИЈА КАДЕ НАЈПРВО ГО НОСЕШЕ ДРЕСОТ НА HANSA ROSTOCK ОД 1998 ДО 1999, ПОТОА И НА ERZGEBIRGE AUE ( 92 настапи и 10 гола ) ОД 2001 ДО 2004 И ВО 1 FSV MAINZ 05 ( 315 настапи и 12 гола ) КАДЕ СЕ ЗАДРЖА ЦЕЛИ 11 ГОДИНИ ОД 2004 ДО 2015 ГОДИНА. ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ НА МАКЕДОНИЈA ИМА ОДИГРАНО 64 НАТПРЕВАРИ И ПОСТИГНАТО 5 ГОЛА.

 

Н.Н. Четири години Клоп ми беше тренер во Mainz. Тимскиот дух мора да "царува" во неговата екипа.

Тој ја сака тимската игра, настапува со многу емоции, тој е секогаш близок со играчите. Тој е вистински мотиватор.

Постојано инсистира на пресинг игра и тоа на половината на противникот, бара таму да се одземе топката од противникот и веднаш да следи контра - одговори Новески кој веднаш прифати да зборува со Macedonian Reds.

За првите три натпревари на Клоп на клупата на Ливерпул, Новески истакна : Мислам дека на стартот нема да му биде лесно. Премиер лигата е поинаква од Бундес лигата. Тука во Германија мислам дека имаше повеќе слобода, што нема да ја има во Англија.

Како и во предходните два клуба (Мајнз и Дортмунд) ќе се обиде да ги придобие навивачите на своја страна.

Инаку , непосредно пред да се случи трансферот се сретнавме во Мајнц. Поразговаравме и ми кажа дека планира да оди да работи во голем клуб.

Знам дека Ливерпул му беше омилен клуб и за него ова значи остварување на сонот.

Сезоната е во тек, а Ливерпул под водство на новиот менаџер во овој состав ќе игра барем до крајот на годината. За евентуалните нови играчи на Клоп, Новески истакна: Сигурно ќе се обиде да донесе нови играчи, можни се и засилувања од Борусија Дортмунд.

Во секој случај Клоп сака да има и "свои" играчи во ростерот, заврши Новески.

 

НИКОЛЧЕ НОВЕСКИ (36) ЈА ЗАВРШИ РЕПРЕЗЕНТАТИВНАТА КАРИЕРА, А ЗА СВОЈАТА КАРИЕРА КУСО ПРОКОМЕНТИРА ДЕКА ТЕШКО Е ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ФУДБАЛОТ.

подготви: Марјан Ников