Нов дрес за сезоната 2019/2020 посветен на Bob Paisley

22/04/2019

 

Новиот домашен дрес за сезоната 2019/2020 ќе биде посветен на најтрофејниот менаџер на клубот Bob Paisley , сезона во која се одбележуват 100 години од неговото раѓање.

Секој дрес на јаката има потпис од Bob Paisley а доколку е купен од официјалниот сајт на клубот се добива и специјална посвета на декларацијата од дресот.

Дресот има и вертикални бели линии , исти онакви како во сезоната 1982/1983 кога Bob Paisley со клубот ја освои 13та титула во домашното првенство.

 

Во сеќавање на трагедијата од Hillsbrough на дресот од внатрешната задна страна, на етикетата го има и логото на 96.

За нијансата клубот и New Balance и овојпат ја задржаа Red Pepper colour, а голманскиот дрес е ‘Phantom’ black colour.

Новиот дрес е достапен на официјалната страна на клубот од 18 Април 2019 а ќе биде официјално пуштен во продажба на 9 Мај 2019.

Сите оние кои ќе нарачаат до 9 Мај , ќе добијат и ваучер од 10 фунти кој можат да го искористат за купување на нешто друго од сајтот на Ливерпул.

Link : https://store.liverpoolfc.com/