2019/20 Liverpool FC Tickets - First Half

Датум: 02.07.2019

Liverpool Fc за наредната сезона започна со продавање на влезници за домашните натпревари наменети за официјалните фан клубови.

Ние како официјален фан клуб имаме можност да аплицираме исклучиво за влезници на Anfield. Повеќе инфо на следниот линк околу тоа кој и како може да аплицира. ВЛЕЗНИЦИ.

Повторно да напоменеме дека право на аплицирање преку фан клубот имаат оние фанови кои се дел од нашиот, македонскиот фан клуб, живеат или имаат македонска адреса на нивното членство кое мора да е LIGHT или FULL како и TEEN или MIGHTY за помладите , и се сигурни дека ќе можат да влезат во UK со виза или европски пасош.

Аплицирањето за првиот дел од сезоната трае од 2 Јули до 6 Јули 2019 година до 20:00 часот. Во прилог се натпреварите на клубот за есенскиот дел од сезоната. Датумите не се фиксни, односно можни се промени во текот на сезоната.

Август 9 - Liverpool - Norwich

Август 24 - Liverpool - Arsenal

Септември 14 - Liverpool - Newcastle

Октомври 5 - Liverpool - Leicester

Октомври 26 - Liverpool - Tottenham

Ноември 9 - Liverpool - Man City

Ноември 30 - Liverpool - Brighton

Декември 4 - Liverpool - Everton

Декември 14 - Liverpool - Watford

Декември 28 - Liverpool - Wolves

 

Од клубот нема гаранција дека добивањето на влезници е 100% во однос на бројот или во однос на натпреварот кој сме го одбрале а резултати ќе има на 13 Јули 2019 година.

Во фан клубот предност имаат сите оние кои извадиле членство во Мај 2019 и за тоа не известиле на нашите контакт адреси. И покрај тоа аплицирањето важи за сите заинтересирани.

За аплицирање доволно е да не контактирате на телефон 071520052 Горан , contact@macedonianreds.com или на facebook: https://www.facebook.com/Goran.Goran.Goran . Може да контактирате и на фејсбук групата на Macedonian Reds но не е преопрачано поради големиот број на пораки во однос на други активности за кои помага фан клубот и да не настани забуна.

YNWA