2019/20 Liverpool FC Tickets - Second Half

Датум: 16.10.2019

Liverpool Fc за тековната сезона започна со продавање на влезници за вториот дел од сезоната за домашните натпревари наменети за официјалните фан клубови.

Ние како официјален фан клуб имаме можност да аплицираме исклучиво за влезници на Anfield. Повеќе инфо на следниот линк околу тоа кој и како може да аплицира. ВЛЕЗНИЦИ.

Повторно да напоменеме дека право на аплицирање преку фан клубот имаат оние фанови кои се дел од нашиот, македонскиот фан клуб, живеат или имаат македонска адреса на нивното членство кое мора да е LIGHT или FULL како и TEEN или MIGHTY за помладите , и се сигурни дека ќе можат да влезат во UK со виза или европски пасош.

Аплицирањето за вторио дел од сезоната трае од 16 Октомври до 23 Октомври 2019 година до 20:00 часот. Во прилог се натпреварите на клубот за пролетниот дел од сезоната. Датумите не се фиксни, односно можни се промени во текот на сезоната.

Јануари 1 - Liverpool - Sheffield Utd

Јануари 18 - Liverpool - Man Utd

Февруари 1 - Liverpool - Southampton

Февруари 22 - Liverpool - West Ham

Март 7 - Liverpool - Bournemouth

Март 21 - Liverpool - Crystal Palace

Април 11 - Liverpool - Aston Villa

Април 25 - Liverpool - Burnley

Мај 9 - Liverpool - Chelsea

 

Од клубот нема гаранција дека добивањето на влезници е 100% во однос на бројот или во однос на натпреварот кој сме го одбрале а резултати ќе има на 1 Ноември 2019 година.

Во распоредот, потенцираните натпревари се со поголема можност за добивање на влезница поради рејтингот на натпреварот.

Во фан клубот предност имаат сите оние кои извадиле членство во Мај 2019 и за тоа не известиле на нашите контакт адреси. И покрај тоа аплицирањето важи за сите заинтересирани кои се членови на OLSC Macedonia.

За аплицирање доволно е да не контактирате на телефон 071520052 Горан , contact@macedonianreds.com или на facebook: https://www.facebook.com/Goran.Goran.Goran . Може да контактирате и на фејсбук групата на Macedonian Reds или на OLSC Macedonia.

YNWA