2019 FIFA Club World Cup

Датум: 11-21/12/2019

Liverpool FC годинава има шанса да ја заокружи со уште еден трофеј кој досега го нема освоено а тоа е Светскиот Клубски Куп.

Единствено финале во ова натпреварување Liverpool FC го имаше во 2005 година кога загуби со 1:0 од Sao Paulo а натпреварот се одигра на стадионот на Yokohama во Јапонија.

Да се подсетиме, патот до ова финале започна во 2018 година и групната фаза од Лигата на Шампиони каде LFC заврши како втор, позади PSG a пред Napoli и Црвена Звезда.Потоа следеа елиминациите на Bayern и Porto за да се стигне до полуфиналето во кое лесно беше победена и Barcelona.

Во финалето Liverpool славеше и против Tottenham со 2:0.

На тоа финале тренерот Jurgen Klop прекина една своја серија од 6 по ред изгубени финалиња со различни клубови а Liverpool Fc ја заврши сезоната со најдобра одбрана во Премиер лигата и со двајца од најдобрите три голгетери Sadio Mane и Mohamed Salah

На голем дел од натпреварите го следеа и голем број на фанови од нашата држава.

Доколку некој патува во Qatar во прилог ви даваме корисни линкови на кои ќе најдете корисни информации.

Liverpool FC првиот натпревар ќе го одигра на 18 Декември со почеток во 20:30 часот по локално време а по наше во 18:30 часот.

На следниот линк може да прочитате поопширно за што е а што не е дозволено за фановите и туристите за време на турнирот во Qatar.

https://sc.qa/en/news/the-football-fans-guide-to-qatar

Линк за распоредот на натпреварите на турнирот:

https://www.fifa.com/clubworldcup/matches/

Доколку на некој му требаат подетални информации за законските прописи околу носење на банери, знамиња, предмети или сувенири како и правила при патувањето во Qatar, слободно може да не контактира на нашиот емаил contact@macedonianreds.com

YNWA!