Meet Gini Wijnaldum at Melwood Training Ground

Датум: 17/12/2019

Gini Wijnaldum во соработка со Liverpool FC Foundation на фановите на Liverpool FC а и на сите добронамерни им пружаат можност да донират средства за фондацијата а истовремено да учествуваат и во наградна игра.

Liverpool FC Foundation е официјална фондација на Liverpool FC која е формирана во 2010 година како независно финансиско тело преку кое секој може да помогне со донација која се користи за креирање прилики за развој на деца и млади луѓе.

Повеќе за фондацијата може да прочитате на следниот линк: https://foundation.liverpoolfc.com/

#MEETGINI е глобална акција преку која може да се донираат средства а еден среќен добитник и негов гостин ќе може лично да присуствуваат на Melwood и да бидат гости на Gini Wijnaldum.

Тренинг центарот Melwood на крајот од оваа сезона ќе биде релоциран во Kirkby а Melwood ќе биде изграден со станбени објекти.

Со донирање на средства автоматски се влегува во наградната игра а покрај наградата клубот покрива и дел од трошоците за пат.

Покрај главната награда предвидени се и повеќе други награди за секој учесник.

За наградите и донацијата, информација и влез на следниот линк www.charitystars.com/wijnaldum

YNWA!