Инфо за купување преку интернет

Датум: 30/01/2020

Од официјалната страна на Liverpool FC , www.liverpoolfc.com, може да се купи официјалното членство на следниот линк https://www.liverpoolfc.com/membership или официјален производ од онлајн продавницата на следниот линк https://store.liverpoolfc.com/ .

Ќе напоменеме неколку битни работи кои треба да се запазат за да не произлезат дополнителни давачки или проблеми при купувањето.

Со новиот закон за Царински давачки, постапката на царинење на поштенските пратки се спроведува согласно одредбите на Царинскиот закон како и со прифатените меѓународните поштенски прописи. Детали околу тоа може да се прочитаат на следниот линк : http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk/224-carinarenje-na-postenski-pratki

Liverpool FC има договор со DHL за испорака на сите купени производи од онлајн продавницата. Тоа значи дека се што е нарачано преку Liverpool Store пристига за брзо време во рок од неколку денови. Кога пакетот ќе пристигне во Македонија , DHL ќе наплати дополнителни трошоци бидејќи имаат таков начин на работа кој е различен од начинот на работа на обичната пошта. Линк со повеќе информации https://www.dhl.com.mk/exp-mk/express/customs_support/duties_taxes/duties_taxes_receivers.html#goods_purchased_online

Официјалното членство треба да се купува исклучиво преку следниот линк https://www.liverpoolfc.com/membership а не преку онлајн продавницата т.е. Liverpool Store иако постои како опција но ќе има и дополнителни давачки кон DHL кои не се наведуваат при самото купување.

Сите останати производи мора да се купуваат од онлајн продавницата на следниот линк https://store.liverpoolfc.com/ бидејќи нема друг начин.

Членството купено преку линкот за членство ќе пристигне по обична пошта без дополнителни давачки но за подолго време 3-4 недели во однос на DHL.

Од неколку искуства на наши членови Ви пренесуваме:

"Дрес купен од онлајн продавницата во вредност од 50 фунти со поштарина од 10 фунти, во вкупна цена од 60 фунти пристига за 4-5 дена преку DHL. (според законот за Царинење очекувано е да се плати 18% ДДВ бидејќи надминува граница од 22 евра но не и царински трошоци бидејќи не надминува граница од 90 евра) . Кога пакетот пристига во Македонија , DHL контактира со вас и ви пренесува дека за пакетот треба да се наплати плус шпедитерски трошоци, магацин на царина и ДДВ, а конкретно за овој пакет тоа би било дополнителни 18% ДДВ , 1000 денари магацин на царина и 593 денари за шпедитерски трошоци."

Liverpool FC не сноси никаква одговорност за ваквиот начин на работа на DHL, бидејќи DHL има свој начин на работа и е различен во различни земји (EU, nonEU итн).

Купувајте членство од линкот за членство , а доколку сакате нешто од онлајн продавницата , наша препорака е прво да се консултирате во DHL за тоа кои се дополнителните трошоци по пристигањето на пакетот.

YNWA!