The Centre of the Creative Universe

Ливерпул се наоѓа на северот од Англија на реката Мерси и со излез на Ирското море. Името Мерси потекнува од Англо-саксонско потекло а географски е граница помеѓу историските земји (области) Ланкашир и Чешир. Ливерпул историски припаѓа на Ланкашир. Пристаништето Seaforth Dock е едно од најголемите во Британија и преку него се одвива 25% од контејнерската размена меѓу Велика Британија и САД.

На почетокот Ливерпул било мало сиромашно рибарско место кое во 13 век добива статус на општина, а во 19 век и статус на град и денес во него живеат околу 550 000 луѓе (заедно со околијата околу 1,5 милиони).

Локалниот дијалект е Скузи кој е специфичен и карактеристичен само за Ливерпул. Потеклото на зборот Скузи е скандинавско и се поврзува со морнарски специјалитет за сиромашните луѓе од Ливерпул.

Иако тргна и потона од Саутемптон, бродот Титаник бил регистриран во Ливерпул, а покрај него и Битлси, градот е познат и по многу иновации во областа на инфраструктурата, градежништвото, транспортот, јавното здравство и социјалните реформи. Првиот облакодер, првиот ферибот и првата железница се од Ливерпул, како и првите организации за заштита на деца, заштита на животни, првите училишта за слепи луѓе, училишта за работници и училишта за чупиња (девојчиња).

Во Гинисовата книга на рекорди градот Ливерпул е забележан како град со најмногу број еден синглови од бендови кои потекнуват од него, а во срцата на навивачите на Ливерпул како град со најмногу титули во сите натпреварувања во Англија .

Посета на Anfield и натпревари на Liverpool FC

Macedonian Reds како официјален фан клуб на Ливерпул, на своите членови им овозможува и помага да го посетат стадионот на Ливерпул како туристи,  да следат натпревари на Ливерпул на Anfield или да учествуваат на други активности поврзани со работата на фан клубот.

На граѓаните на Р. Македонија за секоја посета на Велика Британија им е потребна виза. Аплицирањето за виза е индивидуална работа за секого. Macedonian Reds за своите членови, за потребите и вадењето на  виза може да обезбеди писмо од фудбалскиот клуб Ливерпул со листа на имиња или поединци кои ќе одат во посета на Енфилд и имаат обезбедено влезница за натпревар.

Macedonian Reds може да обезбеди влезници за натпревари на Енфилд или натпревари во Европа. Бројот на влезници што Ливерпул ни го нуди е ограничен и се однесува на натпревари за кои има слободни влезници или се влезници наменети за фан клубовите. Секој заинтересирани кои сакаат да одат на натпревар на Ливерпул може да контактират со нас.

Од 2004 година Ливерпул е под заштита на УНЕСКО како супериорен пример на комерцијално пристаниште, а за посета на градот на македонските граѓани им е потребна виза за Велика Британија. Од поголемите атракции на градот кои вреди да се посетат се:

Sandon Pub

Sam Dodds Pub

The Park Pub

Arkles Pub

Albert Pub

Yellow Ducmarine

World Museum

TATE Museum

Merseyside Meritime

Mersey Ferries

Mathew Street

Liverpool ONE

Liverpool Museum

Echo Arena

Cream Club

Cavern Club

The Beatles Story

Lantern Theatre

Albert Dock