Europa League - RABOTNICKI - LIVERPOOL, 29/07/2010

03/04/2019 - by Андреј Ников

Јас сум Андреј Ников имам 17 години. Учам во Орце Николов и сум трета година. Тренирам кошарка во Вардар веќе 5та сезона.

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Ливерпул го избрав кога имав околу 7 години незнам точно зошто, но полека почнав се повеќе да ги гледам. Првиот дрес што го добив беше од Торес. Тој ми беше најомилен играч тогаш.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Моментално омилен играч ми е Мане. Уште кога дојде на Енфилд со првите натпревари почнав да го обожавам. Оваа сезона е само резлтат на напорна работа. Со генерацијата 2013/14 ги имам доживеано најубавите моменти. Неможев да ги гледам европските финалиња во 2005 и 2007, но после ланското се надевам дека ќе гледам многу во блиска иднина. Клоп ми е најомилен тренер. Кога дојде едноставно знаев дека е вистинскиот потег.

Rabotnicki - Liverpool ?

Досега сум гледал два натпревари на Ливепул. Првиот кога дојде во Скопје со Работнички, а вториот оваа сезона во Белград. Чувството во Скопје беше посебно, затоа што можев да го гледам „МОЈОТ КЛУБ“. Едвај чекав да дојдат тие денови.

Ден пред натпреварот заедно со брат ми и татко ми бев и на стадион и по тренингот имав можност да се сликам со дел од играчите и со тогашниот менаџер.

Денот на натпреварот дојде уште побрзо, а најбитно беше што победивме. На тој натпревар Ливерпул не настапи во најсилниот состав бидејќи беше уште летната пауза, а дел од играчите играа летото и за своите репрезентации. Задоволството беше уште поголемо бидејќи на трибините имаше неколку илјади навивачи на Ливерпул од Македонија, како и од соседните држави. Во Белград беше посебно. Тргнавме наутро заедно со други навивачи. Се беше добро се до натпреварот. Поразот беше болен, но можноста повторно да се гледа Ливерпул е тоа што се памти. Сеуште не сум бил во Ливерпул, но тоа ми е голема желба.

Се надевам дека еден ден ќе отидам да ја почувствувам атмосферата, да го видам музејот па и со еден трофеј од Премиер лигата.