Friendly Game: BRONDBY - LIVERPOOL, 16/6/2014

10/03/2015 - by Александра Гацовска

Александра Гацовска- по извод, а за оние шо ме знаат од по улици - Цаци.

28 години со живеалиште и работа во Битола. Она што Цаци го прави секој ден е : eat, play and love Liverpool : ))))

Каде гледаш натпревари на Liverpool FC ?

Се трудам секогаш да ги гледам во домашна атмосфера. Ми одговара постојаната постава: татко ми и мојот наjдобар другар Иван - Џале . Тројцата сме кој од кој поголем навивач на Liverpool и најдобриот начини да го гледаме , да скокниме од кревет, да истуриме пијачка, да се налутиме на мајка ми ко ќе помини пред телевизор, за нас е местото кај шо седиш со ноѕете на перница-ДОМА...

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Нешто како семејно „проклетство“ сум наследила од татко ми. Од кога почнав да гледам фудбал, некаде далечната 1997, цело време од него слушав за тоа како Liverpool е клубот над клубовите, за најдобрите години 70тите и 80тите, кога освојуваат се` што останатите тимови неможат да замислат. Слушав за навивачи кои се најгласни и најлојални, За клубот каде безрезервно се трошеле Далгиш, Киган, Тошак, Јонсони , Toмсон и за задоволството да се гледа еден ваков тим во живо. Едноставно немав шанса да навивам за друг клуб хахаха.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Играч STEVEN GERRARD, за мене најдобриот до сега. Генерација 2005- бомбастична, и Рафа Бенитез - просто го обожавам знаеше како да ја подигни атмосфератa пред секој дерби натпревар.

Што мислиш за моменталниот состав и начин на водење на клубот ?

Моментално се страшно добри. Ова е нашиот Liverpool . Добра формација и состав кој растура. Многу ми се допаѓа тоа што им се два шанса на младите играчи од академијата, а не ми се допаѓа тоа што ги продадоја искусните играчи кои му се потребни на тимот. Јас како лаик, сметам дека мора да има еден или двајца искусни игpачи кои ќе раковoдат со тимот.

Твое мислење за оваа сезона , кој каде ќе заврши ?

Хмм, на почетокот се мачевме да ја најдиме вистинската формација, многу нови играчи, во тимот ги немавме најдобрите стрелци. Но сега сме брилијантни. Liverpool од секогаш имал добар финиш и до крајот на сезоната ќе уживаме гледајќи го. За жал Челзи ќе се шамнпиони, а ние трети.

Brondby - Liverpool ?

Brondby– Liverpool - волшебно... културни луѓе во жолти дресови, што воопшто не ги штедеа своите гласови од друга страна легија на навивачи во црвено... Беше силна емоција.

Се почна кога ова лето со мојот сопруг решивме да направиме екскурзија до Данска. Постојано следам се што се случува со Ливерпул и кога излезе распоредот за сезоната 2014-15 гледам прв натпревар - пријателски со Брондби, и тоа на 16-ти Јули за 50 годишнината на Брондби.

Следно беше: „ брачедо купвај четири карти за на фудбал одиме на Брондби лЛиверпул “. Во Копенхаген, пред стадионот што да ви кажувам, како и пред секој друг стадион каде што гостува Ливерпул... По тоа може да се забележи колку голем тим се и колку насекаде не има вакви ко мене, тебе, нас... Среќа бевме на стоечка трибина, околу сите облечени во жолти дресови и јас во црвен хахахха си викам битно е да се дружиме. Морам да признаам дека ми мина низ леле ако ова беше негде на балканот немаше да поминам туку така хахахха. Ама Брондбашите ми оставија впечаток: толерантни, башка сигурно слушнаа дека збораме на странски и знаеа дека сме дојдени да гледаме фудбал.

Атмосферата на трибините беше неопишлива: навивачите беа расположени постојано пееја го бодреја Брондби, беа борбени. Брачеда ми преведе дека всушност пејат оти никогаш немаат изгубено од Ливерпул (зато што првпат играат со ливерпул хахахах). Се пиеше пиво, се пееше, се удираа во гради и се додека не постигнаа гол, после тоа дожд од пиво и гушкање од радост.

Градација. Тој ден имаше нешто во воздухот: сите бевме во добро расположение, хахахах.

За мене беше интересно што на овој натпревар имав прилика да ги гледам младите играчи како Ибе, Тешеира, Коади, Фланаган, Роситер и Петерсон. Најдобар впечаток ми оставиа Тешеира и Петерсон.

Daniel Agger ?

Придавките со кои можам да го опишам коректен, беспрекорен, пожртвуван, надарен, лојален. Играч на кој многу му се воcхитувам и вистински го ценам. На натрпреварот беше пречекан со сите почести, Данците му симнуваат капа. Сметам дека тој е една од причина данците да навиваат за Ливерпул, а тоа ич не е малку. Душата ме боли што не е повеќе во Ливерпул.

Liverpool FC е многу повеќе од било која негова постава, играч, тренер ... Што би им порачалa на оние фанови кои цело време по форуми кукаат дека вака сезоната нечини ?

Што да им речам: Позади секој добар коњ се крева прашина хахаха. На тој што не му одговара ваквиот Ливерпул нека не навива за него. Вистискиот навивач секогаш го сака својот клуб без разлика дали е први или последне во една лига. Ливерпул е едно големо семејство, а од своето семејство никој не се откажува. Каде и да одиш ќе најдиш некој член од семејството, никаде нема да се почуствуваш сам.