Europa LEAGUE - RUBIN - LIVERPOOL, 05/11/2015

11/09/2015 - by Велибор Крстевски

Ја започнувам прикаската наназад. Рубин-Ливерпул? -Не.

Вистискиот вовед беше Работнички-Рубин. Успехот на македонскиот претставник против Трабзон, беше и сериозна закана за Рубин, кој се наоѓаше во очајна форма во домашното првенство. Тука би завршиле и надежите да го гледам Ливерпул во живо, наоѓајќи се на привремен престој во Русија. Изборот беше единствен: Рубин да влезе во наредна фаза од Лигата на Европа, а во ждрепка да го добие Ливерпул во група.

Не сакав да ја расипувам еуфоријата на навивачите во Македонија, но, јас имав свои желби

така, Работнички долета во Русија. Интересен детаљ имаше додека го гледав реваншот. На трибина до мене седеше повозрасен човек кој во разговор со неговото друштвото праша: Што е, во Македонија има криза? Зошто нема навивачи? И почна слатко да се смее. Нормално, во истата секунда го извадив пасошот и му го покажав на една педа од лицето. Од џебот го извадив знамето, и го развеав за да запомни. Човекот (Татарин) се почувствува непријатно и изненадено, па рече само дека нема да победиме вечерва. Ок реков, нека победи подобриот. И загадочно му се насмевнав. Се разбира дека не ме сфати. Јас имав своја цел, а тој немаше никаква. И јас верував во својата. Рубин победи, а веќе наредното утро другарите ми пишуваат СМС дека Ливерпул и Рубин се во иста група. Почнав да се загрижувам за каснењето на поштата, по која очекував мајца од МacedonianReds...

4 ноември,празник. Ден на народното единството во Русија. Неработен ден, а Ливерпул долетува. Идеално! Ги следев вестите и летот на екипата. Околу 14 часот излегов по такси. Низ центарот забележлива раздвиженост, со атрибути, шалови, знамиња, капи. Симпатизери на Рубин, но и Ливерпул. Им пријдов на првите двајца редси што ги видов. Се запознавме. Им реков дека сум од Југославија (за полесно да се ориентираат), тоа беа Тимур и Ленар, татари, возраст околу 30тина години. Беа екстремно радосни што сретнаа фан повеќе во мене, и кога им предложив да одиме заедно во Аеродром дури и беа во неверување. Го допрвемве првото такси, нормално патриотско, Лада Калина. И Појехалии... Правец Аеродром.

Неочекувано, поради локалната неорганизираност, но во аеродромот веќе беа вдомени 10 часа пред нас, 30тина московски навивачи на Ливерпул,mosKOPites, како што се нарекуваат. Тоа беа најупорните и забележливонајуморни, пошто со воз се патува 13 часа, со авион 2,5 часа.Уште илјадници на најразлични начини се упатуваа од Москва и Петербург кон Казањ. За разлика од месните навивачи, овие беа прилично организирани и упатени кога долетува Ливерпул, во која гостилница ќе бидат сместени, дали вечерниот тренинг ќе биде отворен или затворен, во кој паб ќе биде раководството на клубот. Се поздравивме и набрзина неколкумина се сликавме.

Во моментот кога го извадив македонското знаме, љубезно ми пријде новинар на Спортекспрес, очигледно пријатно изненаден, дадов и кратко интервју па вака изгледаше нивниот вечерашен наслов.

Морам да истакнам дека обезбедувањето фино не извести дека Јурген Клоп изрично им наредил на играчите, да не се даваат автограми, фотографии и слично. И додека се докажувавме кој од кого е поголем навивач, кој од кога почнал да навива, кој од каде дошол....... еве ти ја најголемата звезда во клубот! КЛОП!

Колективна еуфорија, невидена радост, крици како мали деца. Толпата го окружи Клоп. Самиот се демантираше и во истиот момент почна да раздава автограми, да се слика иако видно незадоволен кога еден навивач го потегна за тренерка за да се сликаат. Сепак го разбра значењето на скромниот англиски јазик во рускиот свет, па ги отпоздрави сите и се насмеа кога во крајот на коридорот му посакуваа Welcome!

Нормално, не сакав да бидам агресивен и посебно да го вознемирувам Господин Клоп. Иако германецот помина крај мене, лично осетив жед да си помуабетам на нашки, па ги чекав балканците. И онака кај нив бев сигурен дека нема да има гужви, а и дека ќе ме удостојат со слика. Нормално, ако ја погодиш волшебната формула, причај српски да те цео свет разуме.

Ете го Бувац. Откако излезе од коридорот го стави ранецот во багаж во автобус, му се обратив на српски на што ми пушти рака, без брзање одвои време за сликање, му посакав среќа од името на MacedonianReds. Следен беше Ловрен, кој избега со трчање од мене кога побарав да се сликаме (веројатно помисли дека сум србин и дека се зезам со него), па тогаш морав да се снајдам и го замолив на македонски да пратам една слика во Македонија. Тогаш веќе и реакцијата беше друга

Автобусот се наполни. Играчите се упатија во Гостилница. Највише ми е жал што не успеавме да направиме сите навивачи заедничка слика. Бевме околу 70, 80. Секој се разотиде, брзајќи по автобусот. А пред Гостилницата веќе била и друга, покомотна атмосфера, иако таму ги пречекале двојно повеќе навивачи. Самиот Јурген, а и екипата, делеа селфи како баклави, автограми, разговараа.

Додека останатите играчи мака мачеа, пред се Кутињо, да излезат од коридор, јас се повлеков настрана па тука ми пријде пријатен дечко, и на англиски праша дали сум од Шпанија? Нормално поради боите на знамето. Тогаш одговорив, дека сум од Македонија, па така почнавме разговор. Го интересираше колку кај нас се следи руското првенство, праша за Адис Јахович (во моментов настаува во рускиот Криља Советов), и ми го потенцираше Игор Митрески, кој пред 10 години играше за Спартак Москва. Посебно ме уважи кога слушна дека сум навивач на Спартак, а не на ривалот ЦСКА. Се најдовме двајца Спартанци, па разменивме броеви. На крајот се претстави како новинар на Чемпионат.ру, и праша дали има дозвола да објави за мене во својата вечерна статија за пречекот на Ливрпул. Нивната страница изгледаше вака :)

Јас, новинарот на Чемпионат, и дечко и девојка од Томск (Сибир), со такси се вративме во град. Јас дома, парот на прошетка, а новинарот по акредитација на Бокс. Вечерта во Дворецот на Боксот, меѓу другите настапуваа Поветкин и Лебедев, две суперзвезди во рускиот и светскиот бокс. Картите беа од 100 до 2000 евра. Пааааа додека јас решив да гледам дома, Господинов пегав уживаше во Twinpeaksпабот, каде локацијата му ја провалија московските навивачи :)

Утредента забавата продолжува, Тимур и Ленар како локалци, самите си дојделија улога на туристички водичи. Нудеа секаква помош на дојденците, посочуваа поевтини хостели, транспорт, на сите го раздаваа својот телефонски број, за да помогнат ако некој има потреба. Во текот на денот бев на работа, Тимур неколку пати ми звонеше да ми каже дека во 17 часот, пред утакмицата, се организираат казанските редси, во Рокстар кафе, а потоа заедно на утакмица.

05.11.2015 - KAZAN Arena

Околу вечерта нема што посебно да се додаде. Прв ред, на преубав стадион, над 40.000 публика. Луѓе дојдени да го гледаат не Рубин туку Ливерпул. Од цела Русија. Од Сибир до Калининград, од Урал и Екатеринбург, до југ на Ростов, Самара, Краснодар. Од Украина, Македонија, Србија. Страшна географија и единствена шанса да се гледа клубот на вака егзотично место. Хотелите беа преполни, се сместуваа и по роднини. Еден со друг се запознаваш и гледаш со воодушевување. Дечко од Самара ми ја забележа мајцата Мacedonian Reds, се запрепасти. Тој веднаш после утакмица се враќа дома, без преспивање! Другите што ми оставија впечаток, Новосибирск! Куд кој мили мој! Фантастично! Ги истакнувам московските навивачи, кои имаа посебна трибина, кои беа најорганизирани, кои пееја погласно дури и од самите редси дојдени од Ливерпул, околу 300 луѓе, на кои градот им организираше прекрасна атмосфера и пречек.На крајот и покрај поразот, сите беа задоволни од празникот. Дури и играчите на Рубин изјавија, се беше совршено, освен резултатот, направивме се што можевме, но Ливерпул играше подобро од Челзи (се мисли на тоа дека од сите англски клубови, Рубин на домашен терен изгуби само од Ливерпул) :) Убаво беше да се почувствува победа во гости после 2012, таму каде што доминираме, во Европа! Да се почувствува мајата околу работата на Клоп, задоволството во тимот, публиката, медиумите. За крај сакам да завршам дека важам за фан, кој повише се радува на пораз на Јунајтед, него на своја победа. Да, признавам дека го имам тој комплекс и го чекам своето време. Ама кога Фергусон рече дека Суарез не заслужува да игра во премиер, и заслужува максимална казна, сфатив дека истиот играч е дирекна закана за неговиот успех. Наредната година тоа Суарез го докажа и бевме на чекор до титула! Неодамна, Фергусон рече дека Клоп ќе направи добра работа со Ливерпул. Веќе во него гледам помирувачки тон, дека неговите 25 години завршија. И дека сега ние ја рестартираме машината и следна цел ни е премиер. Се сомнева некој?Посакувам на секој среќа и да го следи Ливерпул во живо барем еднаш.

Dream comes true for thoese who beleive