PREMIER LEAGUE - LIVERPOOL - EVERTON, 01/04/2017

10/04/2017 - by Марко

Берлин ..31.03.2017 г. , петок 21:00 ч..Се шуткаме на аеродром чекајќи да дознаеме на кој „гејт“ да се упатиме ..Уште овде забележуваме црвени дресови, капи и шалови..Германци, норвежани, финци со истиот лет како и ние се упатуваат кон Ливерпул, за утре , во живо да го проследат градското дерби ..Хаха- не сме сами , и на други места во светот имало пасионирани петарди како нас...кул.

“Ливерпул Џон Ленон Аеродром“...После пополнувањето на картонот од пасошка контрола со прашања за тоа дали пирето од екскурзијата во 2-ро одд беше инстант или од варени компири и невештата шега на џандарот дека можеби и не би влегле во Англија бидејќи он е навивач на Евертон конечно стапнуваме на територија на Ливерпул!!! 21 година сонувам за овој ден..21 година Јас и мојот најдобар другар Иво мечтаеме за овој момент! А се почна на 03.04.1996....Ливерпул -Њукасл 4:3..Мечот на деценијата..Мечот кој покажа дека се игра фудбал 90 минути, дека °at the end of the storm there’s a golden sky°. Два гола на Стен Колимур и два гола на новата легенда на англискиот фудбал Robbie THE GOD Fowler, со 23-ка на грб...Па ,па, па, па ..Каков тим : McManaman, Rush веќе остарен, John Barnes…

Ова сообраќајов што се одвива обратно од кај нас, ме прави да се чувствувам како тапир што поминува автопат...Абе еднаш не погледнав на правата (десна) страна- епа цел живот гледам лево па десно, не можам сега преку ноќJ..Тргни, два метра оди ,тиииииииииииит- кола од десно!!

Се сместивме во врвниот кварт “Knowsley”..”Kirkby” e тука некаде ...Гледам дека има реклами за сафари- од кај па сега овде сафари?! Добро , можда имаат принапраен Јети, Nessie,видри и останати животни што си жмијат на ладно и мокроJ.. Има у близина и еден паб..Рецепционеров вика дека он не би препорачал да идеме таму: “it’s only locals, it’s Friday night..“ Доброоо, дај ти пивата тука па ќе видиме...

После неколку саати “сон“ конечно решив дека нема никаква поента да се преправам дека спијам и сам себе да се лажам дека ако продужам да мижам можда и ќе заспијам вистински..

За доручек има канта кајгана, канта грав, канта кобасици и канта сланина- вистинскиот англиски доручек сервиран у Англија...Добро сега , имаше и две јаболки, исто толку мандарини и банани , скриени позади апаратот за “свежо цеден“ сок , таму најнакрај тек колку да се каже дека има некоја здрава опција, али и онака тоа ништо не ни менува!

“Anfield“е на 6 км од хотелов кај што спиеме, но сепак фаќаме аутобус кој како у секоја рокенрол приказна , пред да стигне таму кај што нас ни треба – проаѓа пред „Godison Park “ и у маалото на Евертон ! Се симнавме на некоја станица ..Се движиме со надеж дека кај и да е ќе се појави храмот ! Врне , да не мислите дека имаме луда среќа да потрефиме еден од 15-те сончеви дена во Ливерпул...Уличињата се наредени со идентични куќи залепени една до друга со мали дворчиња -исто како во цртаниот филм “Кире- Бананамен“...Та даааам- одеднаш од нигде никаде се појавува Anfiled!!

Wow! Не го замислував вака..Си мислев откако прв пат ќе го видам ќе поминат едно 15 минути додека да стигнам до него..Тоа е невозможно , стадионот никна одеднаш! Што да се направи прво?! Ајде до статуата на Bill Shankley..Зрилион ко нас веќе се сликаат ...Ок, ајде до Paisley gates....Shankley gates …Големиот нов амблем на клубот поставен на Main Stand...

Ок . и сега што? Од левата страна na “Anfield“ има еден паб се вика“ Albert“ , карши него уште еден се вика “The Park“..И двата веќе во 09:20 часот се скоро полни ...Се пее и се пие по некое пиво...Нормално , на неколку места се гледа знаков...

11:20 ч.... За некого е можеби рано, ама срце не издржуе! Ајде веќе да влеземе- мора да се гледа и загревање и кореографија и знамиња и не смее да се пропушти ниту еден детаљ! Се упатуваме кон влезот кој одговара на нашите карти..На платото пред главната трибина има настап на извесен локален бенд кој свири и пее само една песна- YNWA!!

Влеговме na Anfield...ха! Има 7 нивоа...Внатре на 4-тото отприлика е просторот каде до лани бил крајот на главната трибина ..Сега е место каде од сите возможни страни се продава пиво и храна, каде лимот од стариот кров на трибината е искористен да се направи огромно Liverbird, a подот од првобитниот стадион е искористен како таванска декорација...

Картите ни се скроз лево кај гнездата на орлите...Зарем е тоа важно? Секако дека не!! Anfield си е Anfield, без оглед на се.Цело време буљиме во КОП..Откако се наполни , почна да ечи песна и не престана 90 минути, YNWA,Fields of Anfield Road, We are Liverpool-Poetry in Motion,Oh when the Reds... ..Се дигна знамето и се прошета по трибина, се направи кореографија во чест на штотуку починатиот Mr. Liverpool – Ronnie Moran.

Инаку, пред секоја утакмица се издава печатена програма, каде освен составите на двата тима и судии, има детаљна анализа на противникот, моментална форма, извадоци од дневен печат од минатото по повод овој дуел, најдобри стрелци, вечен меѓусебен скор, слики од копиљаците од двата клуба, интерју на Клоп, сторија за Кутињо и.т.н. . Да не знаеш дека фудбал се игра со топка 11 против 11 , одма ќе ти стане јасно и одма ќе се заљубиш, нормално во Ливерпул J.. Се пее YNWA…Се ежиш секој викенд на песнава гледајќи ТВ пренос...А сега, во живо...Што праиме?

Почна утакмицата...со секое наближување кон голот на Евертон сите стануваат од своите места...Татнеж од 50.000 столчиња кои се собираат ..Мислиш тргнува трибината нанапред!

1:0 Мане...Возможен ли е подобар старт ?!!Хахаха! Иако да бидам искрен , помислив дека топката пројде поред гол,но ерупцијата на трибина ми помогна да се убедам во спротивното!

1:1 Како биваше секогаш кога ќе се одбие топката директно да иде у ноги на противникот , а ние никогаш да немаме таква среќа?!! Ако, има време, Евертон ништо не игра...Не се чу ни Лукаку , а Баркли одамна заслужи црвен... Секако , цел стадион беспоштедно пее “you haven’t won a trophy since 1995” укажувајќи на “ многуте освоени “ трофеи на Евертон од 1995-навака ! 2-1 Каков генијален гол на магионичарот...па па па па..Не знае одбранава на Евертон кај да се скрие од срам ! Аууууууу! Секоја чест Кутињо! 3-1 Кутињо со пас до Ориги...Каков финиш..Е тек сега почнаа да се орат песните за подбив!!! Се најдов метро и пол над земја...За малце ќе се испоутепавме... Крај , 3-1 , победа у дерби...Дали може човек да посака нешто повеќе? Да, 5-0 Хахахахахахаха ! Па после оваква победа стварно нема смисла да не се изнапиеш пива!!

Ливерпул е убав град! Ти станува веднаш јасно кое било главното европско пристаниште во минатото , дека дрмало ептен , но и дека сега и не е баш славно како некогаш !Складиштата на Albert Dock сe пренаменети во кафичи, продавници за сувенири , а тука е и музејот на The Beatles! Делува опуштено..е сега, нон стоп корне ладен ветар, ама па и каков да биде кога од карши е Ирска и отворено море? Не се чувствува напнатост и омраза помеѓу навивачите на двата клуба од овој град. Барем не на стадион и околу него. Можеби бидејќи на секој чекор има CCTV и се се снима , но генералниот впечаток е дека овие два клуба не се мрзат од дно на душа како кога би би станувало збор за некои други клубови од некои други градови ..Се почитуваат меѓусебно, а и постојат примери каде во една фамилија се поделени навивачите на црвени и плави..

Што се прави кога си на Аnfield? -фотографии пред статуата на Shanks , пред Shakly Gates, Paisley gate, на Hillsborough Memorial се оддава почит во чест на 96-те трагично загинати навивачи, слично и пред плочата во спомен на трагедијата на Heysel , се пие по некое пиво во пабовите The Park, Albert , The Sandon pub(некогашна сопственост на John Houlding)сите три се во круг од околу 100 м па нема шанси да ги утнеш... --Задолжително се прави тура на Anfield , каде се слуша за историјата , се оди до терен, се седнува на клупа, се оди до КОП, а за сувенир добиваш и тазе искосена трева ! Исто така, Museum of Liverpool FC во које е вклучена и Steven Gerrard collection .

Генерален впечаток- Once in a lifetime experience! Искрено им посакувам на сите навивачи да ги посака среќата да дојдат барем еднаш во животот тука! Јас би дошол уште 40 пати! Вонсериски провод, друга галаксија, друг пристап кон фудбалот, друг начин на однесување, концепт на навивање кој јас и моја банда го застапуваме во целост : се опева клубот СЕКОГАШ, и кога води и кога губи , и кога игра одлично и кога делува на клуб од 4-та лига, НИКОГАШ нема лош збор за некој играч без оглед на се!!

И за крај реплика од “Тhe football factory“:

“Was it worth it ?- Of course it f*cking was!!“