CHAMPIONS LEAGUE - C.ZVEZDA - LIVERPOOL, 06/11/2018

31/03/2019 - by Александар Смилков Кенан

Александар Смилков Кенан од Битола има 24 години и e долгогодишен навивач на Ливерпул.

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Се започна на 25 мај 2005 година кога јас и мојо татко ојдовме во паб Интермецо во Битола каде групно се следеше магичнито финале од Истамбул. Во локалот повекето беа навивачи на Милан кои на полувреме (3:0) почнаја да слават за титулата...но залудно. Резултато после 90 минути беше 3:3. За мене тој натпревар е еден од навозбудливите натпревари на Ливерпул. Од тој ден до ден денес љубовта кон Ливерпул е се поголема и поголема.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Омилен играч како и на секој навивач ми е Стиви Џи, но после него исто така омилен ми е и Даниел Агер. Омилена генерација онаа легендарната од 2005г. На чело со Рафа Бенитез

Crvena Zvezda - Liverpool ?

На Енфилд до сега го немам гледано Ливерпул. Прв натпревар на Ливерпул ми беше во Скопје против Работнички, но онај за памтење беше на 6 ноември 2018г.

Искрено како и за Ливерпул, голем навивач сум и за Ц. Звезда. Атмосверата на “Маракаништето” беше неопишлива. Тоа беа измешани чуства, за првио гол на Павков се израдвав како дете мало (со надеж дека и Ливерпул ке постигни гол за изедначување) и неможиш да не се израдваш кога околу тебе 50 000 луге урлат!

За вторио гол буквално незнаев дали да се радвам или да расмислувам во каква ситуација е Ливерпул. После натпреварот се излезе како шо посакав во однос на другиот натпревар помеѓу ПСЖ и Наполи 2:2 кој излезе во корист на Ливерпул.

Карта добив преку преку Делије Македонија кој присуствува на скоро секој натпревар на црвено-белите.