PREMIER LEAGUE - LIVERPOOL - EVERTON

04/12/2019 - by Стефан Петковски

Стефан Петковски од Куманово, долгогодишен навивач на Ливерпул.

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Беше некаде 94/95-та година. За 300 денари на пазар мајка ми ми купи дрес од Ливерпул. Немаше име од позади. За чудо истиот ден ги сретнав на ТВ, ги препознав. Тогаш бранеше Дејвид Џејмс, со кратка коса и дрес сиво-виолетов по боја. Ми остави силен впечаток. Кој го помни знае каков впечаток оставаше Џејмс. Инаку во маало како најмал ја често бев голман и кога ќе одбранев добар удар, секогаш викав Јеее, Дејвид Џејмс. Победија (не се сеќавам против кој) и си реков за Ливерпул навивам од сега. И тоа беше мојата историја со фудбалот и со одбир на омилен клуб.

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Лојалноста е една од особините што највеќе ја ценам. А дечкото се покажа на дело во неколку наврати. Затоа – Даниел Агер. Омилена генерација ми е сегашната, за мене со Боби Фирмино на чело. Има нешто посебно во оваа генерација. Голема почит до легендите Бил Шенкли и Боб Пејсли, ама гласот за омилен тренер оди кај Јирген Клоп.

Како дојде до влезница ?

Уфффф. Ова беше стресно. 4 часа пред утакмицата ми стигна на адреса. Ја купив од fanpass.co.uk. Изгледа мораше да стигне тогаш зашто беше сезонска, така ги праќаат да има помали шанси да се препродаде пред стадион.

Liverpool - Everton

Голема благодарност до Рената и Агенција New ways of travel, тие беа задолжени за се, од виза, превоз и карта за утакмица.

Сместен бев кај другар од основно и со кој заедно игравме ракомет за ОУ Браќа Миладиновци. Од пред некој месец почна да живее и работи во Ливерпул. Поздрав за Томислав и Ребека. Летав од Софија до Ливерпул и назад.

Тука има да пишувам сигурно 100 страни. Ама ке бидам многу краток. Го следев дербито со Евертон. Пред тоа бев во Сандон пабот. Само искуство до кскуство. Градот живееше за фудбал. Не можев да издржам и влегов меѓу првите, штом се отворија влезовите. На КОП имав купено карта. Дојде YNWA... Тоа чувство е неверојатно. 50- тина илјади ја пеат химната, се ежам, не знам кај сум. Почнавме со Justice for 96 и не престанувавме со песни. Кога и да престаневме некој ке почнеше некоја песна и во момент сите се придружувавме. Се редеа голови и песни. Кога заврши утакмицата си излеговме сите за неколу минути. Сите пееја Merry Christmas Everton. Некои продолжија во пабови, ја си отидов, и ова ми беше премногу, да се соземам.

Два дена можам да раскажувам буквално.