CHAMPIONS LEAGUE - ATLETICO M. - LIVERPOOL

18/02/2020 by Виктор Велевски

Здраво, јас сум Виктор Велевски, 29 години од Скопје.

Зошто Liverpool FC и како започна да навиваш за клубот ?

Како почнав да навивам... поинтересна дешавка нема :) 1 одделение, уклучувам Fifa на Sony PS 1 да играм а немам појма од фудбал :) ни еден клуб ни ништо, се мислам со кој да играм и гледам некои по име Liverpool со 5 звезди, хммм, сигурно се јаки и ајде со нив ќе играм :) и така идам во школо и другарите ме прашуваат за кој навиваш а јас го знам само Liverpool :) секако за нив. Идам дома, на ТВ гледам трчаат некои, ги гледам Liverpool, еј па за овие сум јас , ќе ги гледам :) . Све така натаму почна лудоста со Liverpool :)

 

Омилен играч , омилена генерација и омилен тренер ?

Омилена генерација, нормално оваа сега неможе да не ни е онилена :) а секако и таа од 13/14 беше за сакање. Играч мора на сите да ни е Gerrard, али сега моментално и Van Dijk :)

 

Atletico Madrid - Liverpool ?

За утакмицата дознав дека имам карти во понеделник вечерта во 10 саат ( ден пред утакмица ). Иначе работам во ФФМ и сите фудбалери што играат за Македонија ми се многу блиски и знаат дека сум болен по Liverpool :)

Енис Барди и Столе Димитриевски , живеат и играат таму ( Валенсија и Мадрид ) се договориле да ме изненадат и најдат карти за утакмицата, така да баш на ден на утакмица тргнав нака Мадрид, касно стигнав таму, немав многу време да шетам со навивачите низ град, па директно отидов на стадион и влегов 15 минути пред почетокот.

Атмосферата беше WOW, за штета на Liverpool навивачите беа страсни, јас се тресев што бев никој и ништо од страна, а можам да замислам на играчите како им било. Беше страсна атмосфера, навивачите беа предобри, цел стадион пееше, неќев да ги снимам тие моменти зашто едноставно тогаш го мразев цел стадион :)

Убаво искуство, све на све супер да се доживее таква утакмица на таков стадион, само штета за Liverpool што не заврши барем нерешено :)