9 Регионален собир - Скопје 2019

27/10/2019

Скопје по вторпат беше домаќин на фановите на Liverpool FC од регионот а собирот се организира во BackYard Lounge Bar & Kids Area кој како коорганизатор заврши неверојатна работа од средувањето на целиот простор, обезбедувањето видео бим до одличната и брза услуга. Големо фала и за Fat Kitchen за превкусната храна а собирот немаше да биде толку весел, гласен и динамичен доколку не беа Beta House Band и Irie Scratch кои направија супер штимунг.

На годинашниов собир покрај фановите од нашата држава, Liverpool FC Montenegro , Liverpool - CROATIA fans, LFC Serbia, LIVERPOOL FC Slovenia, Liverpool FC Bosnia & Herzegovina свое присуство имаја и членовите и од Liverpool FC Romania и Liverpool Bulgaria .

9ти от Регионален собир на навивачи на Ливерпул помина фантастично, во атмосфера која може да се создаде и доживее само на регионалните собири.

Преку 400 луѓе од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Романија, па дури и еден Скаузер од Ливерпул беа присутни во Скопје, направија да имаме неверојатна дружба и да се потсетиме дека "Ливерпул е една голема фамилија" и "You'll never walk alone" не cе само празни флоскули, туку максими по кои се водат Црвените навивачи ширум светот, без разлика на националност, етникум, религија или било каква друга разлика.

Собирот беше и медиумски покриен и голема благодарност на сите новинари, медиуми и портали кои беа присутни, како и сите останати кои помогнаа во организирањето и реализацијата на собирот. За вчерашниот собир известија и некои од највлијателните новинари од Ливерпул како Пол Џојс од Тајмс, Јан Дојл од Ливерпул Ехо и Сајмон Хјуз од Атлетик.

На крај и голема благодарност до сите што учествуваја во хуманитарниот дел од собирот за Направи добрина: Донирај НАДЕЖ за ЈАНА.

За крај, Јана, You'll Never Walk Alone

facebook: Macedonian Reds

facebook: OLSC Macedonia

web: OLSC Macedonia