OLSC Macedonia

Liverpool FC во Македонија има свои фанови од секогаш кои според можностите се организирале и давале поддршка на клубот на свој начин. Неофицијално фан клубот како организирана група постои од 24 Март 2001 година.

За да се добие статусот на официјален фан клуб во мрежата на Liverpool FC беа потребни повеќе од 10 години преговарање со клубот, организирање на луѓе и подготовка на документација. Со поддршка на неколку фан клубови од други држави и со компромис, договор и заедничко дејствување на фанови од Битола, Скопје и Кочани на 1 Октомври 2013 година нашиот фан клуб конечно беше примен како официјален.

Голема благодарност за остварување на целта до: MILEVSKI ALEKSANDAR, IVANOVSKI JOFCE, DIMOVSKI DIMITAR, VRANGALOVSKI VLATKO, BOZINOVSKI BLAGOJA, STOJANOSKA MAJA, PAVLOVSKI STEFAN, CILAKOV JANKO, SUTINOSKI DRAGAN, IVANOSKI ORCE, FILIPOVSKI ILIJA, UROSHEVIKJ ROBERT, DOBRICIK JASNA, RISTEVSKI DIMITRIJA, MILANOVSKI DIME, HRISTOV DEJAN, DJOZO DAMIR, MILOSIEV JORDAN, PEJCHIKJ FILIP, JADROVSKI IGOR, TALEVSKI GORAN.

Фан Клуб

Liverpool Fc со својата историја, начин на живот, лојалност на фановите и емоција на свој начин се разликува од другите клубови. Сите ние имаме локални клубови со кои сме растеле но во еден момент сме одлучиле дека ова е она вистинското. Во светот денес постојат преку 260 фан клубови во повеќе од 84 земји кои го делат истото мислење со нас. Поентата на овие фан клубови е да ги соединат истомислениците и да им пружат логистика кон нивнaта посветеност и поддршка на клубот.

Фан клубот е блиско поврзан со клубот и се неразделива целина која неможе да функционира одделно. Задачата на фан клубот е да го претставува клубот, да ги зближува фановите, да го штити и промовира името на Liverpool FC и неговата историја.

Фан клубот на своите членови им овозможува повеќе бенефиции како : пристап до влезници од Премиер лигата на Енфилд, поддршка и логистика за проблеми со нарачки и прашања поврзани со клубот и фановите, попусти на услуги и патувања во Ливерпул, поддршка на собири и заеднички следења на натпревари, дружење и ред други активности преку кои сме поблиску до случувањата во и околу Liverpool FC.

Со самото официјализирање на фан клубот и иницијативите кои ги презедовме како прва побитна работа беше договорот со Liverpool FC да може да се купуваат сувенири, дресови и друго од нивниот официјален фан шоп, предходно немаше можност за плаќање и испорака во Р.Македонија.

Собири

Собирите и заедничките дружби за натпреварите на Liverpool FC се составен дел од функционирањето на фан клубот. Нашиот фан клуб заедно со фан клубовите од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Босна двапати годишно организира регионални средби по ротационен систем. Локално во Р.Македонија се организираат и собири во одредени градови на кои покрај следењето на натпревари имаат и хуманитарен карактер како и забава.

Патување во Ливерпул

Macedonian Reds/OLSC Macedonia како официјален фан клуб на Ливерпул, на своите членови им овозможува и помага да го посетат стадионот на Ливерпул како туристи, да следат натпревари на Ливерпул на Anfield или да учествуваат на други активности поврзани со работата на фан клубот.

За граѓаните на Р. Македонија за секоја посета на Велика Британија им е потребна виза. Аплицирањето за виза е индивидуална работа за секого a Macedonian Reds за своите членови, за потребите и вадењето на виза може да обезбеди писмо од фудбалскиот клуб Ливерпул со листа на имиња или поединци кои ќе одат во посета на Anfield а имаат обезбедено влезница за натпревар.

Добредојдени иницијативи

Секој кој сака да учествува, организира или предложи некоја активност, настан, дизајн и слично е добредојден со свои идеи и предлози за кои ќе се разговара а фан клубот ќе учествува со своја логистика во рамките на одговорностите и правата кои ни се дадени од страна на Liverpool FC. За секоја сугестија, предлог и идеја слободно може да не контактирате преку www.macedonianreds.com или преку социјалните мрежи.

Користење на симболи

За користењето на симболи од фан клубот или од Liverpool FC постои правилник според кој мора да се придржуваме. Секаде каде фан клубот се јавува како организатор во консултација со ко-организаторот мора да се спроведуваат тие правила. За печатење на маици или друг материјал со симболите на клубот за кој фановите плаќаат средства , истите одат во хуманитарни цели предходно објавени од фан клубот или ко-организаторот. Не е дозволено продажба на материјал кој не е во согласност со правилата на фан клубот.

Волонтери

Фан клубот не е профитна организација. Сите вклучени во одржувањето и функционирањето на фан клубот се волонтери но и носат свои одговорности за она за што се вклучени во него.

YNWA !


Членство во OLSC Macedonia и Liverpool FC

Официјалното членство во Liverpool FC може да се купи или обнови на официјалната страна на клубот https://www.liverpoolfc.com/membership . Ова членство е наменето за сите оние кои сакат да бидат дел од базата на фанови на Liverpool FC. Официјалното членство може да се купи во текот на целата натпреварувачка сезона почнувајќи од Мај. Сите оние кои по првпат купуваат членство, при регистрацијата треба да го одберат како нивни branch , Macedonia , за да бидат регистрирани и во нашата база на членови. Исто така важен детал при купувањето на членството е да ја одберат или не опцијата за автоматско продолжување бидејќи ако е активирана/штиклирана , наредниот Мај членството автоматски ќе им се обнови и за тоа ќе им бидат повлечени средства од страна на клубот. Ова важи за оние кои сакаат да обноват членство но да го направат тоа во друга прилика а не во Мај.

Секој кој купил или обновил членство треба и да не информира на нашата емаил адреса contact@macedonianreds.com за датумот и бројот на членство со име и презиме.

Официјалното членство нуди неколку пакети. Она што најмногу ги интересира фановите е дека со секој пакет добиваат сувенири од клубот но и привилегии во зависност од тоа што ќе одберат. Пакетот со сувенири обично пристигнува за две до четири недели, но често се случува и да закасни во зависност од периодот кога е купен. За било какви проблеми околу закаснувањето на пакетот слободно може да не контактирате и да ве упатиме за решавање на тоа. Во прилог листа на видови членство:

Full

- наменето за лица постари од 18 години. Целосно членство кое предвидува и пристап до влезници преку фан клубот или за некои натпревари и преку официјалната страна на Liverpool FC, попусти на производи од официјалната страна и претплата на LFCTV GO, дигитален магазин и други поволности кои Liverpool FC ги нуди во тековната сезона.

Light

- наменето за лица постари од 18 години. Предвидува пристап до влезници преку фан клубот или за некои натпревари и преку официјалната страна на Liverpool FC, попусти на производи од официјалната страна и претплата на LFCTV GO, дигитален магазин и други поволности кои Liverpool FC ги нуди во тековната сезона. Со ова членство може бесплатно да се следат и натпревари на Liverpool FC U23 како и на Liverpool FC Ladies на Anfield.

International

- наменето за лица постари од 18 години. Ова членство нема опција за аплицирање за влезници на Anfield. Со International секој фан на Liverpool FC добива сувенири како и дигитален магазин , програма за натпреварите пред секое коло као и попусти на производи од официјалната страна и претплата на LFCTV GO.

Little Liver

- наменето за деца до 3 години. Со ова членство се добиваат интересни детски сувенири за најмалите фанови на клубот. Не предвидува пристап до влезници па во случај да некој патува со своето дете на Anfield треба да купи друго членство , односно TEEN RED иако тоа е наменето за повозрасна група.

Mighty Red

- наменето за деца од 6 до 11 години. Не предвидува пристап до влезници па во случај да некој патува со своето дете на Anfield треба да купи друго членство , односно TEEN RED иако тоа е наменето за повозрасна група. Со ова членство секое дете може да биде дел од Junior Soccer School во организација на Liverpool FC, можност за учество во разни наградни игри , како и можност да се биде маскота на Anfield. Покрај попусти на производи од официјалната страна секој Mighty Red добива и дигитален магазин, официјални божиќни и роденденски честитки од клубот и сувенири кои се добиваат при купувањето на овој пакет

Teen Red

- наменето за фанови од 12 до 16 години. Има опција за влезници, попусти на производи од официјалната страна, дигитален магазин, понуди за учество во разни наградни игри организирани од Liverpool FC, официјални божиќни и роденденски честитки од клубот како и сувенири кои се добиваат при купувањето на овој пакет.

Членство во OLSC Macedonia

Sите оние кои сакаат да го подпомогнат фан клубот во неговото одржување на доброволна основа нуди членство со симболична сума. Нови информации ќе следат пред сезоната 2019/2020

YNWA !


Влезници за Енфилд

Фан клубот за своите членови може да аплицира единствено за влезници од Премиер лигата за натпревари на Anfield. За сите останати натпреварувања како FA или League Cup и европските натпревари фан клубот нема официјален пристап.

За влезници може да аплицира секој член на фан клубот кој има купено и LIGHT или FULL membership од www.liverpoolfc.com. Членовите со International membership неможат да аплицираат бидејќи тоа членство не предвидува пристап до влезници. Прочитајте повеќе во ЧЛЕНСТВО.

Аплицирањето се прави два пати годишно , еднаш во Јуни за првиот дел од сезоната и еднаш во Октомври за вториот дел од сезоната. За потврда дека се добиени влезници се чека неколку недели и нема гаранција од страна на клубот дека ќе ни бидат доделени бидејќи интересот секогаш е голем и во зависност од рејтингот на натпреварот.

Секој кој сака да аплицира мора да исполнува неколку услови:

- мора да е регистриран член на Macedonian Reds/OLSC MAcedonia и да е државјанин на Р.Македонија.

- мора да поседува официјално LIGHT или FULL membership од www.liverpoolfc.com и истото да биде извадено пред сезона , односно во Мај или Јуни и за тоа да го информира фан клубот на нашата контакт емаил адреса.

- треба да биде сигурен дека може да патува во Велика Британија, односно да исполнува услови за вадење виза или да има европски пасош. Аплицирањето за виза е индивидуално за секој а ние како фан клуб можиме да обезбедиме гарантно писмо дека некој ќе присуствува на Anfield.

- плаќањето на влезниците се врши 1-2 месеци пред почетокот на натпреварот за што клубот не известува и мора да запазиме термин. Фан клубот го информира секој кој треба да плати и за тоа се договараме индивидуално за начинот на плаќање.

- на стадионот се влегува со членската карта од официјалното LIGHT или FULL членство. Ако на некој му закаснил пакетот или ја загубил, оштетил членската карта треба совреме да не информира или да контактира со клубот за настанатиот проблем. Не постои печатена верзија на влезниците.

- секој кој оди на натпревар треба да направи фото репортажа и да ја достави до фан клубот на некоја од контакт адресите и која ќе биде објавена.

- за лицата кои живеат во друга земја а се државјани на Р.Македонија и нивното членство е на адреса во друга земја неможе да аплцираат за влезици.

- за aплицирањето и повеќе информации може да добиете на нашата емаил адреса contact@macedonianreds.com или кај Талевски Горан (https://www.facebook.com/Goran.Goran.Goran), тел: 071520052

Во никој случај нетреба да се помисли дека картата може да се продаде или да му се дај на друг бидејќи за тоа има ригорозни санкции. Влезници може да добијат само граѓани на Р.Македонија.

YNWA !


Локација на збирни места
Инфо

Збирни места во нашата држава каде секогаш се гледаат натпревари на Liverpool FC.

Доколку сакате да обележите место на мапата контактирајте на:

Email : contact@macedonianreds.com


Контакт

email: contact@macedonianreds.com

https://www.facebook.com/LFCMacedonia

+389(0)071520052

Стоиме на располагање за сите фанови и членови на OLSC Macedonia. Доколку некој сака да објави напис, репортажа или да најави настан истото ќе биде објавено како и ќе помогнеме со било каква информација поврзана со LFC.